Компанијата „SplashData”, која се занимава со безбедност на интернет ја прогласи „123456“ за најлоша лозинка од најчесто користените во текот на 2013 година.
На врвот на листата се најдоа и лозинките „password“ и „12345678“. Во продолжение погледнете ја листата со најлоши лозинки на SplashData, од каде уште еднаш порачуваат дека корисниците треба да внимаваат при изборот на комбинациите:
„SplashData“ ги предупреди корисниците на интернет како лозинки да не ги користат имињата на веб сајтовите или апликации на кои пристапуваат. Оттаму советуваат:
„Користете лозинки со осум или повеќе различни карактери(бројки, букви). Но дури и лозинки со вообичаени додавки како „dr4mat1c” би можеле да бидат ранливи со новата хакерска софистицирана опрема. Еден оа начините да креирате побезбедна лозинка е користењето кратки зборови одвоени со цртички или други карактери. Подобро е да се користат неповрзани зборови, од добро познати фрази (на пример „cakes years birthday” или „smiles_light_skip?)
Избегнувајте користење исти лозинки и комбинации на различни сајтови. Посебно е ризично користење на иста лозинка за некој забавен сајт, за мејлот и за банкарската сметка. Користете различни лозинки за секој нов сајт на кој се пријавувате.“