Фејсбук се прошири како инфекција, но ние полека стануваме инуни на неговата привлечност, а платформата ќе биде речиси напуштена во 2017 година, велат истражувачите од универзитетот Принстон, објави Гардијан.
Во најцрните предвидувања за Фејбук, истражувачите посочуваат дека би можело оваа социјална мрежа и сосема зазамре.
Мрежата која го слави десетиот роденден на 4 февруари, преживеа подолго од своите ривали како Мајспејс или Бебо, но сепак ќе изгуби 80% од публиката следните три години.
„Идеите, како болестите, се покажало дека се шират како инфенкција пред евентуално да изумрат, и успешно се опишани со епидемиолошките модели“, велат авторите на истражувањето насловено „Епидемиолошко моделирање на динамиката на социјалните мрежи“.
Лани во октомври, Фејсбук пријави 1,2 милијарди активни корисници.