На 23 јануари годинава се навршија 25 години од смртта од најголемите уметници на 20-от век, шпанскиот сликар, вајар, фотограф и режисер Salvador Domingo Felipe Jacinto Dalí i Domènech, 1st Marqués de Dalí de Pubol, попознат како Салвадор Дали. Ексцентричниот уметник остави длабока трага во историјата на уметноста, како предводник на надреалистичкиот стил. Се потсетуваме на некои од неговите најпознати дела:
„Истрајноста на сеќавањето“ е можеби најпознатата слика на Дали, која тој ја насликал во 1931. Три години подоцна, таа се нашла во музејот на современа уметност во Њујорк (MoMA), каде се наоѓа и денеска.
„Пејсаж близу Фигуерас“ – Дали го насликал пејсажот кога имал само 6 години, во 1910:
„Сон предизвикан од летот на пчела околу калинка една секунда пред будење“, слика од времето кога Дали живеел во Америка. Прво негово дело кое вклучува насликан слон.
„Лицето на војната“ (1941)
„Омаж за Њутн“, скулптура, 1958
Салвадор Дали слика носорог во зоолошката градина во Мадрид во 50-те, следен од бројни новинари и сниматели:
Погледнете го и документарниот филм на BBC за големиот уметник: