Британските љубители на импресионизмот во уметноста имаат ретка можност да видат одеднаш две авторски варијанти на дела од познатата серија „Сончогледи” на големиот холандски уметник Винсент Ван Гог.
Мини-изложбата, која се состои од само овие две слики, беше отворена вчеравечер во лондонската Национална галерија, а ќе може да се види до 27 април.
„Имаме единствена можност да видиме ги видиме двете платна заедно, што создава посебна атмосфера”, вели за BBC британскиот историчар на уметноста Martin Bailey, кој е автор на книга за ремек-делото на Ван Гог.
Една од сликите доаѓа од колекцијата на Националната галерија во Лондон, додека другата ја позајми за изложбата познатиот амстердамски Музеј на Ван Гог. Делата се насликани со временско растојание од речиси една година. Сликата што доаѓа од Амстердам е од 1889 година, додека лондонската верзија е подоцнежно дело. Според критичарите, станува збор за периодот во кој кулминира талентот на Ван Гог.
Вкупно во светот денес постојат десетина слики од темата „Сончогледи” на холандскиот мајстор. Во 1987, едно од овие дела било продадено за речиси 40 милионин долари, што во тоа време било највисока цена за едно уметничко дело.