Своето големо враќаме на музичката сцена минатата година, „Daft Punk“ ја круниса со освојување на пет Греми награди на свеченоста одржана во Лос Анџелес. Се заблагодарија на својот веќе добро познат начин, со „молчење“ и одличен настап во живо.
„Во име на роботите, прво би ви рекол благодарам!”, изјави Фарел Вилијамс за време на доделувањето на првата награда за пената „Get Lucky”. Покрај него на сцената стоеја роботите во бело, членовите на бендот „Daft Punk“ кои ги пратеше Најл Роџерс. Овојпат , како да не беше доволно тоа што хитот „Get Lucky” за прв пат се изведува во живо на една манифестација од овој тип, освен Вилијамс и Роџерс со нив настапи и легендарниот Стиви Вондер. А за тоа да не биде тоа единственото изненадување од овој тип за време на доделувањето на Греми, француските легенди во својот хит ги вметнаа и песните „Le Freak” и „Harder Better Stronger Faster”.
И покрај тоа што организаторите во тајност го чуваа изненадувањето дека отворањето на манифестацијата ќе го направи славниот пар, Бијонсе и Џеј Зи, сепак оваа информација протече непосредно пред доделувањето на наградите. Нивната изведба на песната„Drunk in Love”, само го потврди статусот дека навистина се најмоќен пар во музичката индустрија, пишува Б92.
Од друга страна и Мадона го потврди својот статус на кралица на по музиката, делејќи ја сцената со младата Мери Ламберт во миксот од песните „Same Love”и „Open Your Heart”. Нив пред крајот на церемонијата ги најави Квин Латифа, која потоа, на средина на настапот ја презема улогата на матичар и во Стејплс центарот венчаше 33 хетеросексуални и хомосексуални парови.
Авторите на песната „Same Love“, Маклемор и Рајан Левис си заминаа со четири признанија меѓу кои и за најдобри нови изведувачи. Наградата за придонес во популарната музика ја добија членовите на бендот „The Beatles“. Популарните Пол Макартни и Ринго Стар исто така беа ѕвезди на вечерта со заедничкиот настап. Макартни освои и уште две други награди, за најдобар музички филм и рок песна на годината„Cut Me Some Slack”.
Ниту оваа година не изостана оддавањето почит на починатите уметници, а публиката доби можност да ужива во невообичаените соработки во живо. Несекојдневен настап имаше бендот „Metallica“ кој со изведбата на хитот „One” заедно со пијанистот Ланг Лангом потсетија на легендарниот Лу Рид. Били Џоел Армстронг со Миранда Ламберт ја изведоа песната „When Will I Be Loved” во чест на починатиот Фил Еверли од дуото „The Everly Brothers“.
Изненади и Робин Тик во настапот со членовите на бендот Чикаго. И без Мајли Сајрус и без скандали, само со помош на „чикашките мајстори“, хитот „Blurred Line” звучеше беспрекорно.
За крајот на вечерта, како што налага непишаното правило, беше оставен за силен рок настап на сцената. Овој пат честа ја имаа бендовите „Queens of The Stone Age“ и „Nine Inch Nails“, со помош на Дејв Грол и Линдзи Бакингем.
Целиот список на добитници на наградите во сите 65 категории може да го најдете ОВДЕ.