Најхрабрите белградски велосипедисти пред две вечери ја возеа 34-тата „Критична маса“ низ улиците на српскиот главен град, на снег и температури под нулата. Тема на ова возење беа суперхероите, а голем дел од учесниците беа маскирани во омилените јунаци. Велосипедистите побараа подобри услови за нив во сообраќајот и ја промовираа културата на пешачење и возење велосипед. Еве дел од атмосферата на настанот, организиран од групата „UG Ulice za bicikliste“.