Последното доделување на Греми наградите мина во знакот на Daft Punk, бендот кој зема најмногу награди годинава. Големото враќање на овој бенд на светската сцена отвори повеќе прашања, како тоа кои се ликовите што се кријат зад маските, но и кој го дизајнираше нивниот сет за време на настапот на Греми.
Перформансот кој го направија Фарел Вилијамс, Нил Роџерс и Стиви Вондер ќе остане запаметен. Сликата за настапот ја дополни холивудскиот експерт за вакви настани, Џим Логудис кој постави неколку фотографии од сетот на „роботското дуо“ дизајниран од Daft Arts.
„Еве го сетот направен за перформансот на Daft Punk на вечерешните Греми. Овој модерен стил од средината на векот беше дизајниран од Daft Arts. Видете ја старата аудио опрема интегрирана во сетот. Навистина кул. Кабината за снимање е направена според „Mother” вселенската контролна соба од филмот Alien“, ги објасни тој фотографиите во продолжение:
Но вниманието на јавноста Daft Punk го привлекоа и со својот изглед. Многумина се запрашаа, како изгледаат членовите на дуото без нивните препознатливи роботски маски. Многумина останаа изненадени.
Ова се Daft Punk во јавноста:
А ова се вистинските лица зад маските, открива Buzzfeed.