На денешен ден (28 јануари) е роден влијателниот американскиот сликар, еден од најистакнатите претставници на апстракниот експресионизам, Jackson Pollock (1912-1956).
Pollock бил вистинска суперѕвезда и најголем уметник на својата генерација. Комбинирајќи ги техниките на Pablo Picasso, Thomas Hart Benton и David Alfaro Siquieros, како и вештините на сликање со песок на американските Индијанци, тој создал сопствена, оригинална техника. Еве некои од неговите познати дела:
Pollock загинал во сообраќајна несреќа во 1956, возејќи под дејство на алкохол. Неговиот живот е екранизиран во биографскиот филм Pollock, награден со „Оскар“ во 2001 година, во која големиот уметник го играше актерот Ed Harris. Погледнете го и овој документарен филм за Jackson Pollock: