Рендал Олсон, дипломец од Универзитетот во Мичиген спроведе интересно истражување користејќи го најпопуларниот интернет пребарувач на светот Гугл. Тој сакал да види што всушност луѓето најмногу ги интересира за европските земји за што ја користел функцијата на Гугл за автоматско довршување на реченицата.
Рендал во пребарувачот ја пишувал почетокот на реченицата, на пример „Зошто Македонија е толку…“ во која само ги менувал имињата на државите, по што Гугл автоматски го понудил крајот на прашањето кое најмногу луѓе го поставиле на нивниот сајт.
На овој начин Рендал успеал да направи интересна мапа на Европа составена од мислењата за состојбите во државите, па така некои луѓе прашувале зошто Германија е толку богата, зошто Франција е „геј“, додека други се запрашале зошто Шведска е среќна, а Хрватска убава.
За поголемиот дел од европските земји, меѓу кои и за Србија, корисниците се запрашале зошто се толку сиромашни. Интересно е што за Македонија и Грција, најчестото прашање било зошто се овие земји важни.
Извор: Блиц