Мухамед Ибраими го промовираше својот прв албум „Fly”

Синоќа, во преполната Менада се одржа промоцијата на деби албумот на мулти инструменталист Мухамед Ибраими. Вечерта изобилуваше со најразличен стил на музика, почна со диџеј сетот на Мирко Попов, а заврши со настапот на Ибраими.

Ибраими

За време на промоцијата на деби албумот  „Fly”, присутните имаа несекојдневна можност да чујат најразлични звуци кои излегоа од гитарата на Ибраими, од фолк, блуз па се до рок ен рол.

Ибраими потекнува од музичка фамилија и свири инструменти уште од својата петта година. Започнал со мандолината, за продолжи на со виолина. Сепак, вели тоја за Радио МОФ, неговата вистинска пасија – гитарата ја пронашол кога имал 14 години. Слушајќи најразлични бендови како Лед Зепелин и Пинк Флојд, се потсетува како дека се радувал на секоја нивна научена песна.

Мухамед Ибраими го издаде својот прв албум, достапен за бесплатно преземање

Запрашан за тоа кој бенд најмногу влијаел врз неговото свирење и музика, вели дека ако мора да одбере, би ги издвоил Битлси.

„Штом гитарата ќе засвиреше, јас уште по првиот акорд знаев за која песна станува збор“, појасни Ибраими, кој инаку е самоук музичар.

За новиот албум низ насмевка вели дека настанал сосема неочекувано. Договорајќи се да свири на музички фестивал организаторите се зачудиле како таков музичар сеуште нема извадено албум, вели Ибраими.

„Иако албумот брои само осум песни, јас имам еден куп необјавени композиции кои стојат на ‘стенд бај’ – сигурно доволно за издавање на четири-пет албуми“, додава музичарот за Радио МОФ.

Мухамед Ибраими го издаде својот прв албум, достапен за бесплатно преземање

На младите пак им порачува да не бидат пасивни како што тој бил досега.

„Правете ја музиката што ја сакате и не чекајте да ја објавите. Што повеќе луѓе ве слушнат, толку повеќе ќе ве почитуваат вас и вашата музика“, истакнува Ибраими.

На деби албумот се снимени осум песни, а тој може бесплатно да се преземе од сајтот на ПМГ Рекординс , продуцентската куќа што го издаде  „Fly”.

Дамјан Коложег