Општинската организација на Црвен крст Карпoш во соработка со учениците од СУГС ,,Никола Карев”, вечерва (31 јануари) во Студио 54 организираат хуманитарна свирка.
Парите од влезниците кои чинат 50 денари се наменети за помош на корисниците на Заводот на церебрална парализа- Скопје.
На свирката ќе настапат Егзотик бенд и учениците,,Никола Карев”, а почетокот е најавен во 22 часот.
Настанот се организира во рамките на програмата за промоција на хумани вредности и Црвен крст во акција, која претставува национална алатка за регрутирање и задржување на млади волонтерите во редовите на организацијата .