И последната среда од јануари, вљубениците во точакот ја организираа Критичната маса, 21-ва по ред. Настанот доби и своја видео белешка, како доказ дека упорните урбани велосипедисти не се откажуваат од точакот и на температури околу нулата.
„Скопје е загадено. Не знаеме колкав процент од каде доаѓа: затоплување на домаќинства, фабрики, сообраќај. Со секое вклучување на моторот на колата го загадуваш воздухот кој го дишеш ти и твоите блиски. Покажи му на тој до тебе како може да се заштити себеси и Скопје од загадениот воздух“, порачаа од Критична маса #21.