Селекција на фотографии кои ја прикажуваат богатата кариера на оскаровецот Филип Сејмор Хофман. Американскиот актер и режисер Хофман (46) вчера беше пронајден мртов во својот дом, а причината за смртта најверојатно е предозирање од дрога, пренесуваат американските медиуми. Актерот е добитник на Оскар за главната улога во филмот “Capote” – 2005, каде што ја толкува улогата на контроверзниот писател Труман Капоте, а има освоени уште три номинации за Оскар, како и многу други филмски награди.

Филип Сејмор Хофман, десно, во една од неговите први филмски улоги во филмот Мирисот на жената (1992)

Од лево кон десно: Никол Ари Паркер, Барт Рејнолдс, Вилијам Х. Мејси, Марк Волберг, Џулиан Мур, Џон Рајли и Хофман во „Буги најтс“ (Boogie nights – 1997)
Извор: Гардијан