Утре (6 февруари) студентката Бисера Иванова од Факултетот за музичка уметност при УГД – Штип ќе одржи целовечерен солистички концерт во Велес, објави Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Бисера Иванова е апсолвент на Факултетот за музичка уметност во класата по пијано на проф. д-р Милица Шкариќ.
Иванова досега има одржано повеќе концерти во неколку градови во Р. Македонија. Иванова во Велес ќе се претстави со дела на Хендел, Бетовен, Брамс и Шопен.
Концертот ќе се одржи со почеток во 18 часот во Ликовниот салон во Велес.