Каде е Македонија на светската мапа на конзумација на алкохол?!

Светската здравствена организација ги објави проценките за конзумација на алкохол во повеќето земји во светот.

Каде е Македонија на светската мапа на конзумација на алкохол?!

На првата мапа која врз основа тие податоци ја објави сајтот ChartsBin, може да се види конзумацијата на алкохол по глава на жител во секоја држава.

Во Македонија се пие 8.5 литри алкохол по жител, што не сместува во земјите кои се на средината на табелата и во жолтиот дел од мапата. За споредба, во Хрватска се пијат 15.1 литри алкохол по глава на жител, во Србија 11. 2 литри алкохол, во Бугарија 12.4, во Грција 10.8 и во Албанија 6.7 литри.


via chartsbin.com

Најчести корисници на алкохолни пијалоци по глава на жител се граѓаните од Молдавија, кои пијат 18 литри пијалок секоја година. Потоа следат Чешка, Унгарија и Русија а после нив се претежно европските земји.

Најмалку алкохол се пие во Северна Африка и на Блискиот исток.

Кога се работи за видовите на алкохол, пивото и виното се меѓу најзастапените. Втората мапа покажува дека најчесто конзумиран алкохол меѓу Македонците е пивото.


via chartsbin.com

Најмногу пиво пијат Чесите а потоа следат Германците, Австријците и Ирците. САД се најголем пазар за виното, додека Французите го пијат највеќе. Тие пијат и најмногу виски, а интересно е што на листата на земји кои најмногу пијат жестоки пијалоци се најдоа и Обединетите Арапски Емирати.

Се разбира, ниедна мапа за конзумација на алкохол не би била целосна без вотката. Русите најмногу го конзумираат овој пијалок, а по нив следат Американците и Украинците.

Извори: Chartsbin.com, B92