Стотина граѓани денеска се придружија на неформалната иницијатива на група граѓани на град Скопје „Спас за водно“ која одржa втор протестен марш под мотото „Да го спасиме Водно“.
Маршот започнa во 10 часот од пред основното училиште „Кочо Рацин”, од каде што учесниците пеш или со велосипед се упатија кон врвот на Водно, каде што се одржи собир на кој беше упатен проглас до надлежните органи во кој се побара да се престане со урбанизацијата на Водно.
„Спас за Водно” ги повика граѓаните да се придружат на маршот и да го изразат своето незадоволство од засиленото уништување на парк-шумата Водно, интензивните градежни активности на неколку пункта на падините на Водно, како и од најавите за реализација на нови проекти со кои ќе се изврши натамошно деградирање на природната средина на планината.