Организаторите на годинашниот Сигет Фестивал упатија јавен повик до сите уметници и креативци да го дизајнираат симболот на Островот на слободата, односно да изработат склуптура, инсталација или декорација која ќе биде интересен елемент на ова издание на Сигет.
Артистите, во групи и поединечно, може да се пријават за три различни категории оригинални дела, а организаторите одвоија вкупно 80.000 евра за реализација на најдобрите.
Делата ќе бидат изложени како спектакуларни инсталации на отворено за време на самото одржување на фестивалот од 11 до 18 август 2014 година.
Повеќе детали за повикот и начинот на пријавување можете да прочитате на следниот ЛИНК
Краен рок за аплицирање е 10 мај.