Macklemore & Ryan Lewis на Сигет 2014

Организаторите на Сигет најавуваат нова листа на all-star имиња кои веќе се потврдени за 2014 година. Во срцето на Будимпешта, потврдено е учеството и на Macklemore & Ryan Lewis, Skrillex, Jake Bugg и London Grammar. Островот на слободата годинава ќе биде центар на музичките случувања помеѓу 11 и 18 август.

Сигет Фестивал

Сигет веќе откри дел од имиња за 2014, како што се Queens of the Stone Age, Placebo, Klaxons, Stromae, Calvin Harris, Imagine Dragons, Bastille, но организаторот постојано изненадува со нови изведувачи кои се додаваат на листата. Препознатлив по диверзитетот и разновидната програма, новите потврдени имиња на Сигет ги претставуваат сите жанрови, совршено за љубители на сите музички стилови. Па малку подетално, новите имиња се:

Macklemore & Ryan Lewis се едни од најпризнаените ѕвезди во подем на хип-хоп мапата на САД. Нивната харизматична музика е проследена од страна на милиони фанови и оваа година нивната работа се запечати со четири Греми награди „Најдобар нов артист“, „Најдобра рап изведба“, „Најдобар рап албум“ и „Thrift Shop“ ја доби наградата „Најдобра рап песна“.

Skrillex е еден од најпознатите електронски музичари во денешно време. Според најавите на организаторот, тој дефинитивно ќе ги полуди сите со неговите возбудливи и масивни звуци. Извонредниот британски пејач и текстописец, талентираниот Jake Bugg, исто така ќе настапи на „Островот на слободата“ со неговите уникатни и чесни фолк-рок песни.

На Сигет доаѓаат и Die Fantastischen Vier,  германскиот рап и хип-хоп квартет кои се на турнеа со нивниот нов албум Rekord. Електронското трип-хоп трио од Нотингем, London Grammar, ќе донесе емотивно и  меланхолично чувство помешано со фантастични текстови и уникатен звук.

Tom Odell има хипнотизирачки, романтичен и неодолив глас кој е помешан со огромен тален. Доаѓајќи од јужна Англија, и дваесет и три годишниот пејач и текстописец, ќе се качи на сцената на Сигет ова лето.

Исто така од Велика Британија пристигнува Michael Kiwanuka, кој најавува настап за паметење со неговата софистицирана, карактеристична и сензитивна соул музика со примеси на фолк и џез елементи. Неговиот деби албум Home Again, беше номиниран за Меркури наградата минатата година.

Двајца изведувачи со уникатна перспектива на светот на електронската музика, Darkside, ќе бидат возбудливо додавање на овогодинешното издание на Сигет. Тие не само што се обраќаат на љубителите на електронската музика, туку и на оние кои сакаат и џез. Тешко е да се класифицира музиката на The Big Pink, но во исто време е интимна, вознемирувачка и бучна.

Borgore е вистински хулиган на електронската денс музика. Како диџеј и продуцент од Израел, тој е признаен од сите од интернационалната дабстеп мрежа. Вистински човек за забава, фокусиран на масивните басови и тешките метал звуци тој се нарекува како изведувач на gorestep. Од Австралија ни доаѓа, Brody Dalle, која сакала да прави музика слична на Nirvana, The Hole и PJ Harvey. Сега таа е спремна да направи забава каде и да е во светот. Таа ќе настапи на Сигет на 12ти август, Ден 0 (нула), каде што на истиот ден ќе настапи нејзиниот сопруг,Josh Homme со неговите Queens of the Stone Age.

Следете не и во наредните недели каде ќе објавиме уште имиња од изведувачи кои ќе настапат на „Островот на слободата“ во 2014та.Повеќе информации и билети на: www.szigetfestival.mk.