Повеќе од 5300 веб компании и други организации меѓу кои Reddit, Imgur, Tumblr, Mozilla the Electronic Frontier Foundation и American Civil Liberties Union, се придружија на протестот против масовното набљудување кој почнува на 11 февруари, 2014.
Сајтот „The Day We Fight Back” ги повикува сите сопственици на веб сајтови да додадат банери на нивните сајтови кои ќе водат кон телефоните и мејловите на законодавците. Целта на самиот настан е да се информираат граѓаните за нарушувањето на нивната онлајн безбедноста, но и да се испрати порака до институциите.
„Во јануари 2012 победивме против легислативата за цензура SOPA и PIPA со најголемиот Интернет протест во историјата,” стои во пораката по повод најавениот протест. „Во знак на победата против SOPA и PIPA пред две години, како и во сеќавање на еден од лидерите Арон Шварц, планираме 11 февруари да биде денот на протест против масовното набљудување“.
Организаторите исто така поттикнуваат споделување на мемиња преку Фејсбук и Твитер во знак на поддршка на настанот, пишува Huffingtonpost.