Во сабота во 12.00 часот пред Тетовскиот Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, односно пред поранешен ТЦ Мост ќе се одржи протест против изградбата на хидро-електрани во Националниот Парк Маврово.
Од Друштвото на Дебраните “ОДА ДИБРАНЕ” соопштуваат дека протестот ќе има еколошки карактер и е против намерата на институциите за изградба на две хидро-електрани во појасот на Национален Парк Маврово.
Според организаторите, доколку се реализираат ваквите најави за градење во националниот парк, тие може да имаат негативното влијание врз целокупниот био-диверзитет на овој парк, како и значително негативно влијание врз реката Радика и Дебарското езеро.
„Секој кој што има и најмало чувство за зачувување на убавините на Радика, кои се меѓу најубавите и најчистите во Европа, е поканет и треба да не поддржи во сабота“, велат од Друштвото на Дебраните “ОДА ДИБРАНЕ”.