Британското дуо Disclosure доаѓаат во Србија на 15 издание на фестивалот ЕГЗИТ . На Денс Арената 2014 тие ќе настапат во живо со специјалното шоу насловено Wildlife, претставено во јавноста пред само една недела. Покрај нив организаторот ги најави b2b настапите на Carl Craig vs Green Velvet, Dusky vs Paul Woolford, како и Jackmaster&Oneman present Can U Dance.
Британското дуо Disclosure постави нови темели кога е во прашање електронската музика, во најголема мера докажувајќи дека и понатаму постои можност алтернативната електроника да оствари голем успех без компромиси во своето творештво. Браќата Гај (22) и Хаувард (19) Ловренс достигнаа статус на имиња кои не само што распродаваат концерти ширум светот и освојуваат топ листи, тукуго променија и изгледот на електронската сцена, отворајќи ги вратите кон нови млади андерграунд таленти. Минатата година го претставија деби албумот Settle, кој достигна до прво место на британската топ листа UK Album Chart, а исто така е номиниран и за најдобар денс/електронски албум на Grammy наградите 2014. На претстојните Brit Awards, Disclosure се номинирани во четири категории, за најдобар албум, најдобар британски бенд и најголемо откритие на годината, додека за доделувањето на британските музички награди најавен е и нивниот специјален настап со актуелната новозеландска пејачка Lorde.
Заеднички настап на омилениот подиум на ЕГЗИТ фестивал ќе имаат и добро познатите музички магнати, Carl Craig vs Green Velvet. Визионерот на електронската музика, креативниот музички магнат, Carl Craig, сопственик на добро познатата етикета Planet E, доаѓа повторно на Денс Арена. Ексцентричниот музичар и продуцент од Чикаго, познат по своите сајберпанк фризури и многубројните хаус хитови, Green Velvet пак е еден од омилените изведувачи на Денс Арена, уште од неговото спектакуларно затворање на ЕГЗИТ фестивалот во 2009 година, заедно со Carl Cox.
На Wildlife вечерта ќе гостува и b2b сетот Dusky vs Paul Woolford. Лондонското дуо Dusky подеднакво се комотни при пишувањето на елегантни оркестрални грувови и клавирски мотиви и при креирањето на тврди хаус и техно ритми, а токму во тоа лежи нивниот правец – компонирање на електронска музика со длабочина, дух и оригиналност. По повеќе заеднички свирки, Dusky ја пронајдоа хемијата со Paul Woolfordom, на некои познат како Special Request, човекот кој ја изгради својата блескава кариера како диџеј, продуцент, сопственик на издавачки куќи, ремиксер, колаборатор и експерименталист.
Jackmaster и Oneman ја започнаа турнејата со новиот концепт Can U Dance кој ветува одлична забава, со оглед на тоа дека диџеите настапуваат на четири грамофони! Оваа година, заедно ќе го претстават концептот кој го надминува стандардниот b2b пристап, без посебна филозофија, маски и го-го танчерки, сведувајќи сѐ само на она што произлегува од звучниците.
Yes, U Can Dance.
Влезниците за ЕГЗИТ фестивал во Македонија се достапни преку продажната мрежа на МКтикетс и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).