Турскиот претседател Абдула Ѓул изгуби околу 80.000 луѓе што го следат на социјалната мрежа „Твитер“, во знак на протест, откако синоќа го одобри спорниот закон за зголемена контрола на интернет на барање на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Ѓул, кој е активен на социјалните мрежи, објави на Твитер дека го одобрува законот, што опозицијата и невладините организации го оценуваат како „убиство на слободното изразување“.
Неговите следбеници на Интернет почнаа кампања за прекин на следење на неговите активности на Твитер. Ѓул го поддржа законот откако владата даде гаранции дека ќе ги измени спорните делови. Околу 34 милиони турски корисници на Интернет ја осудија одлуката.
Нацрт законот беше усвоен на 5 февруари, но опозицијата и голем број невладини организации жестокото го критикуваа, тврдејќи дека владата сака да ги згасне критиките против нејзиното работење.
Според турскиот премиер Ердоган, целта на новиот закон што ја засилува контролата врз Интернетот, има за цел луѓето да ги заштитува од уцени. Ердоган подвлече дека законот не предвидува наметнување цензура, туку претставува „мерка против уцените, аморалните дејствија, како и против заканите за репутацијата на луѓето“.
Ердоган за време на заседанието на парламентарната група на неговата Партија на правдата и развојот, соопшти дека Владата сега на државните училишта им обезбедува широкопојасен интернет пристап, а информираше дека 160.000 таблети се доставени во училиштата, а уште 675.000 ќе бидат доставени до крајот на март.