„Дошепнувачот“ од американската национална агенција за безбедност, Едвард Сноуден изјави дека е почестен што студентите на Универзитетот во Глазгов го избрале да биде нивен ректор за следните три години, објави Гардијан.
Во изјавата за весникот, Сноуден ја опиша како храбра и историска одлуката за поддршка на академската слобода.
„Во еден свет каде што толку многу од нашиот развој, размислувања, барања и планови мора да бидат доверени на отворениот интернет, масовниот надзор не е едноставно прашање на приватноста, туку на академската слобода и човековата слобода”, рече Сноуден.
Гласањето всушност е симболично, бидејќи Сноуден е малку веројатно дека ќе биде во позиција да работи како ректор, бидејќи во моментот е во Русија и нема да може да ги претставува студентите на состаноците на Универзитетот.
Тој е баран од страна на САД за протекување на десетици илјади документи на новинарите поврзани со масовното шпионирање и следење на комуникации од страна на САД и нивните сојузници и му е одобрен привремен азил во Русија.