Десетина Козаци со камшици ги нападнаа членките на групата Пуси рајот и го спречија нивниот перформанс во центарот на Сочи.
Козачката патрола на членките на групата им ги симна маските од главата и ги нападна во моментот кога тие требало да се сретнат со други луѓе кои требало да учествуваат во перформансот.
Козаците се донесени во Сочи за да патролираат низ градот како дел од мерките на безбедност додека траат Олимписките игри.
Извори: Бука, Telegraph.uk