Што би направиле доколку се најдете во ваква ситуација? Во видеото, детето-актер седи само на ладното време и им кажува на непознатите луѓе кои чекаат автобус дека неговата јакна била украдена, по што се чека нивната реакција. Експериментот е направен во Норвешка од страна на „СОС Мејдеј“, кои претставуваат мрежа за акција за подигање на свеста за илјадниците деца кои страдаат во војната во Сирија.
„Сакавме да ја тестираме добродушноста на Норвежаните“, објаснува организацијата на нивниот веб сајт. Погледнете ја скриената камера која ги снима реакциите на луѓето.
Извор: Метро