Голема сеча на борова шума во штипската населба Балканска, во близина на поранешниот гигант Македонка, забележа локалнaта репортерка на Радио МОФ.
Жителите кои живеат во овој реон негодуваат поради сечата на шумата за која велат дека е белите дробови на населбата. За Радио МОФ коментираат дека боровата шума е садена уште во времето на нивните дедовци, но земјиштето е продадено и сега новиот сопственик ја подготвува парцелата за изведување градежни активности.
„Зошто го продаваат и уништуваат нашиот извор на кислород“, револтирано прашуваат жителите за кои шумичката беше омилено место за излет. Еден дел од боровите дрвја на овој дел во штипско беа исечени минатата година. Деновите сечата продолжува.
Сенада Ибраимова