Во петок (28 февруари) во киното Фросина во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи концертна промоција на првиот албум на Мухамед Ибраими „Fly“.
Неговиот деби албум „Fly“ од неговото објавување пред еден месец, е спуштен повеќе од 750 пати од веб страницата на PMG Recordings, што претставува неверојатен импакт со публиката. ЦД-то пак што се продава во ГТЦ, во Југотон и Пола Југотон, ќе биде достапно и на концертната промоција по промотивна цена.
На концертот ќе му се придружат неколку гости, еминентни имиња од македонската музичка сцена: Сеад Хаџиќ-Сецко, Мите Димовски, Џоле Максимовски, Ратко Даутовски, Андреј Анастасов Даскаловски – Еди.
„Човекот е виртуоз на својот инструмент, дали е тоа гитара, мандолина, шаркија…Неговата свирка доаѓа спонтано, од срце и носи толкава енергија и квалитет во себе, што буквално ве вовлекува и останувате без здив, се додека не се заврши композицијата, кога ненадејно се враќате во реалноста :) Да, зборувам за свирка во ЖИВО, најсилното оружје на господинот Ибрахими. Еве концерт, па повелете уверете се во ова, ќе бидете воодушевени“, се наведува во повикот за настанот.
Повеќе за албумот и за талентираниот музичар, може да прочитате ОВДЕ.