[Галерија] Најстарите универзитети на светот

Најстариот универзитет во светот е оној во Болоња – стар е 926 години иако се смета дека е можно постари универзитети да постоеле во Мароко и Египет. Најстариот универзитет во САД е Харвард , кој пак има „само“ 370 години. Колку за илустрација, најстариот универзитет во земјава, универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ е формиран пред 55 години.

Денес во светот има над 17 000 универзитетоти, а иако нивната старост не е гаранција за квалитет, сепак тешко се негира фактот дека вековната традиција  е важен фактор.

Видете кои се десетте најстари универзитети кои работат денес:

10. Универзитетот во Коимбра – 1290 година

Најстарите универзитети во светот

Основан е во Лисабон од кралот Динис, но е преселен во Коимбра, на брегот на Португалија. Ова сепак не е крајно решение и универзитетот следните векови се сели меѓу Лисабон и Коимбра. Неодамна беше прогласен за дел од светското културно наследство на УНЕСКО.

9. Универзитетот во Мачерата – 1290 година

9

Тука учениците се радуваат на прекрасната медитеранска клима и слушаат предавања во средновековните ѕидови на зградата. Гратчето од централна Италија, Мачерата има помалку со 42 000 жители .

8. Универзитетот во Валадолид – 1240 година

8

Се наоѓа северно од Мадрид. Има средновековна фасада, но и модерен објект. Денес тука учат 32 000 студенти и има 2 000 професори. Разделен е на 4 кампуси во неколку други градови . Од 1940 година нуди курсеви по шпански и е магнет за странците кои сакаат да го научат овој јазик.

7.  Универзитетот во Сиена : 1240 година

7

Овде учат 20 000 студенти, кои претставуваат околу половина од населението на градот . Во 1420 година почнуваат да собираат данок од сите локални жители кои изнајмуваат простории на студентите , па од тие пари биле исплаќани платите на професорите. Така универзитетот се претвора во прв пример за државен универзитет.

6. Универзитетот во Неапол, Федерико Втори – 1224 година

6

Сместен е во јужна Италија . Првично обучувал само луѓе кои вршат јавни функции како судии , бирократи и адвокати . Во последните речиси 800 години од тука излегуваат некои од најпознатите политичари , инженери , филозофи и адвокати во Италија .

5. Универзитетот во Падуа : 1222 година

5

 

Ова е втор најстар универзитет во Италија, за кој се претпоставува дека бил основан и пред 1222 година. Напочетокот тука имало само две специјалности ( теологија и право ) , а денес многу повеќе исто како и бројот на студентите кој стигнува до 65 000 .

4. Универзитетот во Саламанка – 1218 година

4

 

Во првите 300 години по основањето, ова е еден од најдобрите универзитети во Европа . Исто како Оксфорд и Кембриџ се состои од неколку колеџи кои биле основани за посиромашни студенти. Еден од најпознатите студентите тука бил Сервантес – авторот на „Дон Кихот“.

3. Кембриџ – 1209 година

3

Ова е втор најстар универзитет во англиското говорно подрачје . Основан е од група научници кои го напуштиле Оксфорд , по расправија со локалните жители. Денес се состои од 31 колеџ. Тука учеле многу познати личности како Исак Њутн , Стивен Хоукинг и др.

2. Универзитетот Оксфорд : 1167 година

2

Не е познат точниот датум на основање на најстариот англиски универзитет. Денес се состои од над 40 колеџи од кои секој функционира како автономна целина.

1. Универзитетот во Болоња – 1088 година

1

Историјата на основањето на овој универзитет е интересна. Него го формираат групи странски студенти кои се собираат за да се обучуваат заедно и се нарекуваат „нации” . Последователно од овие групи се формираат нови групи наречени „университас ” . Тука учеле тројца папи , како и писателот Умберто Еко. Сепак , универзитетот според престижот го поминаа Оксфорд и Кембриџ . Денес е на 176 -то место во светот , според QS Rankings.

Извор: Тherichest.com