Популарната група „Дубиоза колектив“ сними спот за песната „Транзиција“ со буџет од нула евра. И покрај тоа, не се работи за некој евтин видео спот направен со мобилен телефон.
„Поттикнати од праксата на нашата власт, одлучивме спотот едноставно да го украдеме. Го зедовме краткиот филм од Зоке Чатиќ кој нам многу ни се допаѓаше и ја вметнавме нашата музика. За тоа господинот Чатиќ се уште ништо не знае. Ако негодува поради злоупотребата на неговиот филм, нема да му се јавуваме на телефон и ќе се правиме блесави“, истакнуваат од Дубиоза колектив за злоупотребата на сцените од филмот „Fasunga“.
Во видеото како режисер и сценарист е потпишан Зоке Чатиќ, глуми Богдан Миличевиќ, снимател е Мирза Ајнаџиќ, а како монтажер е потпишан Дамир Башиќ.
Извор: Radiosarajevo