Заводот за вработување во Шведска по грешка, на електронска пошта испратил покани за 61.000 лица, наместо за илјада кандидати за работа.
Набрзо во центарот на Стокхолм се појавиле илјадници луѓе за работа, па шведската полиција била повикана да воведе ред.
Портпаролот на полицијата Улф Линдгрен изјави дека службениците од Заводот ја повикале полицијата откако илјадници невработени се појавиле на саемот за работа каде требало да се сретнат со евентуалниот работодавач.
– Кога стигнавме таму, имаше огромна гужва, а некои од присутните беа многу вознемирени – изјави полицискиот инспектор Улф Линдгрен.
Тој наведе дека имало многу тензија, но дека никој не е приведен.