Филмот „12 години ропство“ очекувано стана голем победник на церемонијата на врачување на наградите „Независен дух“, пренесоа американските медиуми.
Филмот освои пет награди, а меѓу нив и наградата за најдобар филм.
Филмот доби награди за најдобар режисер – Стив Мекквин, за најдобра актерка во споредна улога, Лупита Нионго, за најдобро сценарио, Џон Ридли и за најдобар организатор – Шон Бобит, пренесе МИА.
Во останатите категории наградите беа распределени како што и се очекуваше – за најдобар актер беше прогласен Метју Мекконахи за „Даласкиот клуб на купувачи“, најдобра актерка е Кејт Бланшет за „Синиот Јасмин“, додека најдобар актер во споредна улога е Џарет Лето за „Даласкиот клуб на купувачи“.
Во категоријата најдобар филм изненадувачки е награден „Животот на Адел“ на Абделатиф Кешиш, кој се наметна над големиот фаворит, италијанскиот „Големата убавина“ на Паоло Сорентино.
Сите наградени филмови и актери вечерва ќе се борат и за наградата Оскар во соодветните категории.
Наградите „Независен дух“ се најголемата американска награда за независното кино.