Фејсбук е во преговори за купување на компанијата за дронови( беспилитни летала) Titan Aerospace за 60 милиони долари, објави TechCrunch.
Целта, според најавите, е Фејсбук со користење на дроновите да донесе интернет онаму каде што сега е недостапен, а како дел од идејата на основачот Марк Цукерберг за носење интернет во целиот свет.
Ова е сличен план со тој на Гугл, со кој се планира да се пуштат балони кои ќе однесат безжичен интернет во сега недостапните предели.
Ова пак е предизвик и за двете компании кои и сега се трудат да привлечат што е можно повеќе членови кои ги користат нивните услуги.
Што е засега познато за ваквите дронови?
Дроновите се покриени со соларни панели кои даваат доволно енергија за да се движат 20 километри над нивото на морето. Дроновите можат да останат во воздух пет години пред да имаат потреба од гориво или приземјување.
И покрај соларните панели дроновите исто така имаат внатрешна батерија за да може да се лансираат и навечер.
Помалиот модел Solara 50 – е доле 50 метри и тежи само 160 килограми. Сепак може да носи тежина од 32 килограми. Ова значи дека Фејбук ќе може да го опреми со опремата неопходна за да донесе интернет на копно.
Дроновите можат да летаат со брзина од 104 км. на час.
Тие имаат опсег од 4 милиони километри, што пак значи дека можат да патуваат околу 2.5 милиони милји.
Овие дронови се првите сателити во атмосферата на сончев погон.
Сепак тие се поевтини од сателитите во орбитата. Во секој случај на Фејсбук ќе му овозможат интернет низ сите делови од светот каде што нема инфраструктура, пишува Businessinsider.