Грчкото Министерство за образование им даде ултиматум на 180 илјади „вечни студенти“ во Грција до јуни да го завршат школувањето, бидејќи од новата академска година универзитетите во земјата се задолжени да ги отпишат од своите регистри.
Новиот закон предвидува дека оние што се запишале на факултетите пред 2006 година и досега не ги положиле испитите, ќе треба да го напуштат студирањето.
Универзитетското раководство смета во моментов има многу повеќе студенти, кои посетуваат предавања, отколку студентите кои добиваат дипломи.