Споменик за жртвите на Брејвик што ќе ја промени географијата на Норвешка

Како да се направи меморијален спомен за една голема трагедија? Ова е прашањето кое си го постави уметникот Џонас Далберг, кој беше избран да го направи споменикот за 77 лица, главно деца, кои беа убиени од Андерс Беринг Брејвик во два напади на 22 јули, 2011 година. Тој одлучи да направи нешто шокантно, како што беше и овој масак – засекогаш да ја промени географијата на земјата.

Островот Утоја

Островот Утоја

Во масакрот осум лица беа убиени од автомобили-бомби поставени во Осло, а 69 на островот на Утоја, кога цела Норвешка беше во шок и неверување .

Далберг се обидел да ја долови сликата што се случила тој ден, преку уметничкото дело. Затоа одлучил едноставно да направи една голема „рана” и да одвои дел од замјата од копното во заливот Тирифјорден. Оваа рана треба да ја претстави болката направена денот кога во Норвешка згаснаа многу млади животи. Така трагедијата, според уметникот, ќе остане вечно нацртана во изгледот на земјата.

2

Самата „исеченица“ нема да биде на островот Утоја, каде што се случи трагедијата , но туристите во рамките на меморијалот ќе бидат во можност да го посетат островот. Меморијалниот споменик е насловен „Сеќавање на раната “, а посетителите ќе низ шумата на островот ќе влегуваат во тунелот кој води кон пресекот во земјата. Од другата страна на копното, впишани ќе бидат имињата на сите оние кои загинаа тој ден .

3

„Имињата ќе бидат доволно блиску за лесно да се прочитаат, но сепак далку од дометот на луѓето. Со ова се претставува идејата дека овие животи засекогаш се изгубени“, вели уметникот.

4

На 22 јули Брејвик отиде на островот Утоја, местото каде што се оддржуваше кампот на младината на Работничката партија.Се претставил како полицаец, а потоа отворил оган над невооружените адолесценти. Најмладата жртва имала 14 години. Два часа подоцна, во Осло експлодирала бомба каде загинале уште осум лица. Кога полицијата стигнала на островот, Брејвик не пружил отпор при апсењето.

Извор: Блиц