Еден од најголемите метал бендови „Black Sabbath“ (Блек Сабат) ќе издаде на 15 април бокс сет од првите осум албуми под наслов „The Complete Albums, 1970 -1978 “, кој го опфаќа времето кога во групата беше и фронтменот Ози Озборн, пред да биде исфрлен од бендот во 1979 година, пишува списанието „Ултимејт Класик Рок“.
Сетот ги содржи сите студиски албуми на „Black Sabbath“ снимени за Ворнер Брос Рекордс во текот на 1970-тите, вклучувајќи го и нивниот легендарен истоимен дебитантски албум од 1970 година, мултиплатинастиот „Paranoid“ од истата година, платинастите албуми „Master Of Reality“ (1971), „Vol.4“ (1972) и „Sabbath Bloody Sabbath“ (1973) и златните албуми „Sabotage“ (1975), „Technical Ecstasy“ (1976) и „Never Say Die“! (1978).
Ози во 1979 година е исфрлен од бендот поради проблеми со наркотици и алкохол, а во бендот го замени Рони Џејмс Дио. После нивното успешно собирање минатата година кое им донесе и Греми за најдобра метал изведба за песната „Good is Dead?“ од 19-от студиски албум „13“ (2013), тргнаа на турнеа која продолжува и оваа година.
Како еден од првите бендови кои вистински го дефинирааа хеви металот, Блек Сабат се сметаат дедовци за тој музички правец. МТВ ги прогласи за најголема хеви метал група во историјата, а VH1 ги стави на второ место позади Лед Цепелин на списокот на 100 најголеми уметници на хард рокот