Моливите не се единствената опција за оние што сакаат да цртаат, тоа може да го сторат и со обично пенкало.
Во продолжение, погледнете 15 одлични примери на вакви илустрации направени од познати автори, а кои ги селектира Creativebloq.
01. VianaArt
Овој реалистичен цртеж направен со мастило е импресивен. VianaArt користи шест пенкала во боја за да го создаде делото.
02. Paul Robbins
Оваа илустрација е направена со користење пенкало, мастило и водени бои од страна на илустраторот Paul Robbins.
03. Eleni Kalorkoti
Илустраторката од Единбург Eleni Kalorkoti креира шармантни и едноставни, монохроматни цртежи главно со пенкало и мастило.
04. Simon Prades
Ова интересно дело од мастило го направи германскиот илустратор Simon Prades , кој ги користи сенките за да ја постигне саканата цел.
05. Wang 2mu
Овој постер за Нова година е направен со користење повеќе хемиски пенкала во боја од илустраторот од Шангај, Wang 2mu. Тој вообичаено користи сина, црвена и бела боја во своите креации.
06. Jordan Grace Owens
Уметникот и илустратор Jordan Grace Owen прави слатки илустрации од мастило. Инспириран од пријателите и семејството, тој ги црта овие портрети.
07. Mike Lyon
За овој цртеж од мастило, на Mike Lyon му биле потребни 240 часа непрекината работа со пенкало и мастило.
08. Lisandro Demarchi
Lisandro Demarchi прво почна да објавува стрип-цртежи, но подоцна престанува да го прави тоа и создава впечатливи цртежи од мастило како тој погоре.
09. Aaron Baggio
Овој реалистичен цртеж содржи бројни детали и е тешко да се поверува дека е нацртан со пенкало. Сепак, тој е уште една потврда за умешноста на авторот Aaron Baggio.
10. Joakim Dahlqvist
Joakim Dahlqvist е архитект, дизајнер и дигитален уметник, кој сака да го испробува својот талент и кај креациите нацртани со пенкало. Сликата е приказ на замислениот свет во Podalida.
11. Scott Woyak
Прекрасниот цртеж од мастило е дело на Scott Woyak, љубител на животни и голем креативец.
12. Ron Stevens
Уметникот Ron Stevens редовно го користи пенкалото, а овој цртеж е едно од неговите омилени дела.
13. Mr Watson with Teddy
Деталите се нешто по што е препознатлива работата на Kandy Radzinski кој го портретира кучето Кирби.
14. Ron C. Guthrie
Уметникот Ron C.Guthrie креира цртежи од мастило користејки свои техники на сенчење. Едно од неговите омилени дела е оваа MG спортски автомобил од 50-тите години.
15. Fred Kennett
Fred Kennett креира неверојатни дела користејќи пенкало и мастило во текот на изминатите 30 години. Едно од многуте дела е и ова пристаниште.
Извор: Сreativebloq