Остануваат уште два дена од конкурсот за избор на графички решенија (илустрации) со кои сликовито ќе се претстават формите против говор на омраза на Интернет. Илустрациите кои се во рамките на иницијативата против говор на омраза на Интернет имаат за цел да ги маркираат овие појави, а ќе послужат за да се укаже на штетата која говорот на омраза на Интернет ја причинува на целото општество.
Пристигнатите 18 графички решенија публиката може да ги погледне на Фејсбук-страницата: https://www.facebook.com/nemrazi до 17 март во 14 часот. Она решение кое ќе добие најмногу лајкови, ќе биде избрано како најпопуларно решение од публиката, а авторот ќе освои парична награда од 200 евра.
Пристигнатите 18 графички решенија ќе бидат посебно оценувани и од комисијата составена од претставници на иницијативата против говор на омраза. Оценувајќи ја идејата и иновативноста, жири-комисијата ќе избере најкреативно решение кое ќе биде употребено како визуелни елементи на дизајнот на веб-сајтот nemrazi.mk, но и како дел од промотивните активности против говор на омраза на Интернет. Наградата од жири комисијата изнесува 500 евра.
Пристигнатите решенија може да ги погледнете подолу:
Предлог решение бр.1 Драган Тренчевски |
Предлог решение бр.2 Драган Тренчевски |
Предлог решение бр.3 Сандра Андоновска |
Предлог решение бр.4 Коцев |
Предлог решение бр.5 Сања Наумовска |
Предлог решение бр.6 Матеј Богдановски |
Предлог решение бр. 7 Сандра Андоновска |
Предлог решение бр.8 Стевчо Наумоски |
Предлог решение бр. 9 Марко Ружин |
Предлог решение бр. 10 Inglorius Basterd |
Предлог решение бр. 11 И. Ј. |
Предлог решение бр. 12 Дарко Стројоски |
Предлог решение бр. 13 Љубов |
Предлог решение бр. 14 Благоја Михајловски |
Предлог решенија бр. 15 Игор Делов |
Предлог решение бр. 16 Callla |
Предлог решение бр. 17 BAIKA |
Предлог решение бр.18 Гунтер Кубе |