Некогаш биле хакери, сега се милијардери

Неодамна Facebook плати 19 милијарди долари за апликацијата WhattsUp . Тоа ги направи неговите основачи милијардери . Така името на едниот од нив, Јан Коум се најде во листата на супер богати претприемачи , чиј пат до милијардите започнал од другата страна – преку хакерството. Основачите на Apple , Microsoft , Facebook и Twitter имале активности во младоста кои денес можат да бидат дефинирани како нелегални, но сепак создаваат некои од најуспешните компании во Силиконската долина . Видете кои се најбогатите поранешни хакери во светот , рангирани од Forbes :

Дру Хјустон (1.2 милијарди долари )

 Хакери

Основачот на Dropbox, Дру Хјустон ја започнува својата кариера со упади во системот и откривањето на грешки во бета верзијата на онлајн игра, за што ја известува соодветната компанија. Таа го вработува и станува првата од 5-6 компании , за кои тој работи пред да го создаде Dropbox .

Џек Дорси ( 2,2 милијарди долари )

 2013 Time 100 Gala - Arrivals

Како студент Џек Дорси сакал мапи и се надевал дека ќе најде работа во курирскиот бизнис. Кога разбира дека Dispatch Management Services , компанија во која сакал да аплицира за работа, немала оставено контакт на сајтот, тоа го хакира нејзиниот сајт и испратил е-мејл за проблемот кај вработените од една од нејзините сопствени електронски пошти. Компанијата му понудила работа.

Шон Паркер ( 6.3 милијарди долари )

Хакери

За Паркер се знае дека бил член на хакерската група од 90-тите години w00w00 , но поранешни членови тврдат дека неговото учество не била толку сериозно. Сепак Паркер имал доста хакерски манифестации како тинејџер. Во 2010 година, Vanity Fair напиша дека кога имал 16 години еднаш бил откриен од татко му откако упаднал во мрежата на компанијата . Таткото му зел тастатурата и му оневозможил да се одлогира од мрежата и да ги прикрие своите траги.

Јан Коум (6.8 милијарди долари )

Хакери

Американецот од украинско потекло , кој е еден од креаторите на апликацијата WhatsАpp ја започна својата кариера како член на хакерската група w00w00 заедно со креаторите на Napster, Шон Фенинг и Шон Паркер . Во 90-тите години Коум користел уред со кој продира во оддалечените интернет мрежи. Тој дури изјавил за Forbes дека еднаш влегол во серверите на компанијата Silicon Graphics , без притоа да открива што направил потоа .

Пол Ален ( 15,9 милијарди долари )

Хакери

Во своите мемоари Ален детално ги опишува како тој и ко-основачот на Microsoft , Бил Гејтс не само што користеле неодобрен профил на администратор, за да се обидат да го украдат компјутерско време од Computer Center Corporation , но исто така пребарувале тајни по кантите на компанијата. Така Ален се нашол, извалкани со кафе, прирачник на 10 -те топ изворни кодови, благодарение на кои разбрал за прв пат како дејствуваат оперативните системи.

Марк Цукерберг( 28,5 милијарди долари )

 Хакери

Во 2004 година основачот на Facebook ги користи информациите за пристап до TheFacebook.com, за да дојде до електронските пошти на двајца репортери од универзитетскиот весник Harvard Crimson .

Бил Гејтс (76 милијарди долари )

Многу време пред да стане најбогат човек во светот, Бил Гејтс на крајот 60-тите години прави и недозволени работи. Во мемоарите на коосновачот на Microsoft, Пол Ален е опишано како Гејтс си обезбедил пристап до администраторската лозинка во Computer Center Corporation во Сиетл , со која стигнал до кодиран фајл кој содржел информации за корисничките сметки . Тие се надевале дека ќе ги користат информациите за да добијат бесплатен пристап до компјутерите , но биле фатени и истерани од програмата.

Извор: Форбс