Корисниците на Твитер во Турција, вклучувајќи го и претседателот на државата, пронајдоа начин да ја заобиколат забраната, која премиерот Реџеп Таип Ердоган ја воведе во користењето на социјалната медиумска платформа и постигнаа нов рекорд во бројот на поставени коментари.
Корисниците најпрво ги користеле сервисите за испраќање на СМС пораки или ги прикриваа локациите на своите компјутри за да остават коментари на Твитер.
Властите меѓутоа подоцна ја проширија забраната и на системот имиња на интернет доменот на компанијата „Гугл“, што беше еден од начините за пристап до Твитер, по забраната, но корисниците и покрај тоа успеаја да пронајдат начин да остават коментари и да и се потсмеваат на Владата.
Некои турски информативни сајтови дури даваат инструкции „чекор по чекор“ како да се промени системот на имиња на интернет доменот (ДНС).
Твитер во Турција е блокиран само неколку часа, откако премиерот Ердоган се закани дека ќе ја искорени оваа социјална мрежа поради тоа се занимнава со обвиненијата за корупција во неговото најтесно опкружување, кои изминатите недели се проширија и на социјалните мрежи.
Турскиот телекомуникациски регулатор БТК соопшти дека тој сајт е блокиран, бидејќи граѓаните се жалеле дека таа социјална медиумска платформа ја крши приватноста.
Против целосна забрана на Твитер се огласи претседателот на Турција, Абдула Ѓул, кој порача дека тоа е неприфатливо и изрази надеж дека забраната нема да трае долго.