Во пресрет на Саемот на книгата во Скопје, издавачката куќа „Македонија презент“ на својот портал www.makedonijaprezent.com.mk деновиве објави 15 нови електронски книги.
Во првото коло од едицијата електронски книги објавени се делата на Зоран Ѓериќ, Драган Драгојловиќ, Саша Хаџи Танчиќ, Борис Над, Небојша Озимиќ, Стеван Бошњак (Србија), Олга Лалиќ Кровицка (Полска), Жарко Милениќ, Сабахудин Хаџиалиќ (Босна), Васил Толевски, Александар Прокопиев, Ахмет Селмани, Марина Мијаковска, Христо Петрески (Македонија) и Вања Ангелова (Бугарија).
Едицијата со електронски книги на порталот „Македонија презент“ е меѓународна и во иднина ќе продолжи да се проширува и публикува, заедно со месечните изданија на електронските портали „Македонија презент“ и „Нова критичка и есеистичка мисла“.