Компанијата „Најсфудс ресторани“ од Белград, која управува со рестораните за брза храна „Мекдоналдс“ во Србија, доби судска одлука да плати казна од 100.000 динари поради дискриминација на Роми.
Судот во Нови Сад ја прогласи компанијата за виновна, бидејќи на 10 јули 2012 година обезбедувањето им забранило на група деца од ромска националност да влезат во ресторанот „Мекдоналдс“ во центарот на Нови Сад, пренесува МИА.
Судот одлучи дека на тој начин бил прекршен членот 52, точка 2, од Законот за забрана на дискриминацијата.