Сите зтуденти во Северна Кореја мора задолжително мора да носат иста фризура како нивниот водач Ким Јонг Ун, објави БиБиСи, а пренесе Тајм. Новите правила биле воведени пред две седмици во Пјонгјанг, по што започнале да важат во целата држава.
„Фризурата на нашиот водач е многу посебна и нема да им прилега на сите, бидејќи сите мажи имаат различен облик на лицето и главата“, вели неименуван извор за радиото „Слободна Азија“.
Сепак се смета дека фризурата на Ким Јон Ун во Северна Кореја не е многу популарна во земјата каде што слободниот стил на потшишување е строго забранет, а жителите можат да бираат меѓу 18 различни фризури за жени и 10 за мажи.