Младинскиот совет на Амбасадата на Соединетите американски држави во Македонија бара нови членови. Од Советот велат дека оваа единствена можност е отворена за сите квалификувани млади во земјата. Со приклучувањето кон тимот, заинтересираните ќе развијат вештини со кои ќе ги зајакнат своите лидерски способности и ќе придонесат за подобрување на состојбата со младите во Македонија. Членовите на советот имаат можност да се вклучат во дијалог со вработените во Амбасадата, да осмислуваат настани и активности што ги промовираат младинските прашања, како и да се поврзат со други млади лидери.
Повикот е отворен за државјани на Македонија на возраст од 18 до 25 години, активни млади луѓе со добри комуникациски и компјутерски вештини. Заинтересираните треба да пополнат апликација и заедно со мотивациско писмо да ја испратат на ycusmac@gmail.com, најдоцна до 11 април. Квалификуваните кандидати ќе треба да испратат и ЦВ подоцна во изборниот процес.
Повеќе информации за повикот прочитајте на веб-страницата на Младинскиот совет на Американската амбасада.