Ако едно деноноќие има 24 часа, период во кој голем дел од времето може да се искористи за работа, интересно е да се погледнат распоредите на генијалните умови.
Сепак се чини, деноноќието на познатите личности е испланирано на посебен начин. Користејќи ја книгата „Daily Rituals: How Artists Work“ од Mason Currey, порталот Info We Trust креираше инфографик во кој прецизно ги покажува дневните распореди на познатите личности и начинот на кој тие го структуираат својот ден.
Благодарение на овој инфографик, може да се видат и ексцентричните навики на дел од генијалците кои ги запаметила историјата. Кога станува збор за Бетовен на пример, тој секое утро броел 60 зрна од кафе за појадокот.
Утрата биле „стресни“ и за Виктор Иго.
Проверете ја дневната рутина на познатите преку инфографикот во продолжение (кликнете на сликата за поголема резолуција).