Од основното училиште „Фан Ноли“ во тетовското село Озормиште се украдени 23 лаптопи . Тешката кражба е направена ноќта меѓу 31 март и први април, кога крадците насилно го отвориле металниот шкаф каде што биле сместени компјутерите.
Заедно со лаптопите биле украдени и полначи за нив, како и 25 компјутерски глувчиња.
Како што информираа од тетовската полиција, засега непознатите крадци прво ја отвориле влезната врата на училиштето и се упатиле кон наставничката канцеларија каде што стоел шкафот со лаптопите.
Со одземените предмети, незабележани од никого, го напуштиле училиштето и полицијата се уште трага по нив.
Вкупната материјална штета се проценува на околу 5 илјади евра.