Онлајн архитектонската база Architizer ги прогласи победниците од вторите годишни A+ Аwards за надобрите нови објекти низ светот. Резултатот е 129 победници во повеќе од 60 категории. Дел од категориите вклучуваат и награда на најдобри музеи, меморијални споменици, згради, концепти. Сите наградени дела биле изградени или почнати во изминатите три години.
Во секоја категорија има по две награди, од жирото и според популарноста на делата кај гласачите. Businessinsider направи селекција од најинтересните од нив:
Најдобар аеродром ( според жири и популарност) Bao’an International Airport, Кина
Најдобра уметничка галерија (според жири) McGee Art Pavilion School of Art & Design, Њујорк
Најдобра уметничка галерија (според популарност)Bombay Arts Society, Индија
Најдобар бар/ноќен клуб (жири) Prahan Hotel, Мелбурн
Најдобар бар/ноќен клуб (популарност) Biboss, Бугарија
Најдобра автобуска/метро станица ( според жири и популарност) Fovam ter Szent Gellert ter metrostations, Будимпешта
Најдобар хотелски ресорт (жири) Ion Luxury Adventure Hotel, Исланд
Најдобар хотелски ресорт (популарност) Baan Suan Mook Resort, Тајланд
Најдобра владина зграда (жири) Columbia Building, Портланд
Најдобра владина зграда (популарност)Cineteca Nacional Siglo XXI, Мексико
Најдобро училиште (жити/популарност)Marcel Sembat high school, Франција
Најдобра библиотека (популарност/жири) Ninos Conarte, Мексико
Најдобар меморијален центар (жири) Рarallel Lives, Мексико
Најдобар меморијален центар (популарност) National September 11 Memorial, Њујорк
Најдобар музеј(жири) Danish National Maritime Museum, Данска
Најдобар музеј(популарност) MAR, Бразил
Иако не најдоа во селекцијата на Businessinsider, награда за популарност доби и новата скопска катна гаража кај Рамстор, во селекцијата на објекти за паркирање.Проектот е дело на македонските архитекти Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља, Саша Тасиќ, Александар Радевски, Никола Стрезовски и Дамјан Момировски, со иновативна фасада која е дело на Милан Мијалковиќ во соработка со виенското биро „ППАГ Архитекти“.
Извор: Businessinsider