Пред неколку дена предниот влез и промотивната табла на Народниот театар во Приштина осамнаа покриени со тоалетна хартија. Акцијата спроведена во раните утриски часови ги изненади косовските граѓани, а одговорните лица ја контактирале редакцијата на магазинот Косово 2.0, за да ја пренесат својата порака.
Косово 2.0: Ви благодариме што контактиравте со нас. Пред се, кои сте вие?
Ние сме анонимни уметници од Косово.
Косово 2.0: Добро, зошто одлучивте да го прекриете Народниот театар со тоалетна хартија?
Бидејќи во овој театар не се инвестира. Се е исполитизирано, а младите уметници никогаш не добиваат шанса нешто таму да направат.
Косово 2.0; На кој начин се е исполитизирано?
Па, новиот директор на театарот е бизнисмен кој нема никава врска со уметноста. Член е на (партијата) PDK. Во управниот одбор исто така се лица поврзани со PDK.
Откако почна потрагата за нов директор на театарот, ниту глумците, ниту уметниците имаа можност да учествуваат во јавната дебата по ова прашање. Но сите знаеја кој ќе биде избран и знаеја дека новиот директор е бизнисмен. Вчера се собраа сите глумци, режисери и студенти, но сега е веќе предоцна бидејќи одлуката е донесена. Имаа состанок на кој требаше дасе одлучи што ќе се прави, па во основа, по пет часа филозофирање решија да му напишат писмо на претседателот на Косово. Тоа е мрза и неорганизираност.
Косово 2.0: Дали бевте на тој состанок?
Да, во театарот Dodona. Таму беа сите кои може да ви паднат на памет од сцената: режисери, глумци, студенти. (Одлучија да му испратат писмо на косовскиот претседател).
Косово 2.0: Вие сметате дека тоа не е доволно силен одговор?
Можеа да протестираат пред ова, за да го спречат. Но не излегоа. Така, ние тројца сме го организиравме ова. Отидовме околу три часот изутрина и ставивме тоалетна хартија. Сепак ништо не оштетивме, лепилото кое го користевме може лесно да се исчисти. И секој кој ова го гледа може да разбере зошто е ставена тоалетната хартија, но и како да се чувствува.
Некој може да го разбере дека програмата во театарот се говна. Некој друг може да го смета ова како презентација на тоалетот во театарот бидејќи таму никогаш нема тоалетна хартија. А некој може да мисли дека ова се говна. Според мене, инсталацијата вклучува се од наведеното.
Косово 2.0: Ова е втор пат во две недели уметниците да протестираат по пат на интервенција во јавната структура. Како се чувствувате по повод поставувањето срца на споменикот Newborn?
Тоа е најсовременото дело кое сум го видел во Косово.
Извор: Косово 2.0