Алтернативниот бенд САРС во четвртокот во Експо центарот направија одличен концерт за скопската публика. Предгрупа им беа Тајзи со својот бенд, диџеј Андреј Ѓошев и Боге Конга, кои имаа триесетминутен настап, по што на сцената се појавија членовите на српскиот бенд.
САРС на концертот во Скопје го промовираа најновиот албум „Икона поп-културе“, кој беше неодамна издаден. Сепак, ова не ја спречи публиката да ги знае и да ги пее сите нови песни заедно со фронтменот Жарко Ковачевиќ.
На концертот беа изведени и старите, добро познати хитови за македонската публика, каде најмногу емоции и разиграност предизвикаа „Лутка“ и „То раде”. Експо центарот беше полн, а Ковачевиќ изјави дека е среќен што повторно настапува воиСкопје, затоа што оваа публика знае како да се забавува.
Иако темата на новиот албум на САРС е доста поразлична од досегашните, сепак овој албум беше прифатен од страна на слушателите, кои уживаа во повеќечасовниот настап во Експо центарот.
Александра Филипова