Францускиот сенат го прогласи виното „како дел од наследството“ на Франција, јави дописникот на МИА од Париз.
Според законскиот предлог, „виното, производ на лозовите насади, и винарската земја се дел од културното, гастрономското наследство на Франција“.
Понатаму се вели дека „виното го изразува живото наследство, тоа е дека од култруното наследство, литературното и исто така гастрономијата, пејсажот. Архитектурата, материјалното, екононското, социјалното, се разбира стотици илјади работни места“ – стои во амандаманот на законот предложен од сенаторот Роланд Курто, поздравен со долги аплаузи од сенаторите.
Сенаторите, без разлика на нивната политичка обоеност, сакаат да го стават виното во делот на заштитеното културно наследство на Франција, бидејќи виното се пренесува од генерација на генерација, тоа е составен дел од културата и многу придонесе за реномето на Франција и за нејзината гастрономија.
Од друга страна, се она што е поврзано со виното и неговото прозиводство има оставено длабоки траги во архитектурата и пејсажот на Франција. Ако виното наскоро стане дел од културното наследство на Франција, тоа нема да биде случај со пивото, бидејќи амандманот предложен од еден сенатор од Алзас беше отфрлен.