OutKast на Сигет 2014

На денешната годишна прес конференција на Сигет фестивалот, беа откриени новите имиња, како и најновите промени кои во 2014 година се најавуваат за фестивалот на „Островот на слободата“.

Outkast: Big Boi and Andre 3000

На веќе најавените музичари кои ќе настапат на Сигет им се придружуваат и OutKast, Manic Street Preachers и The 1975. Друг новитет годинава, покрај шоуто за затворање на фестивалот (за кое оваа година е задолжен Calvin Harris), ќе има и официјално отварање т.е. специјално шоу за кое ќе се погрижи Deadmau5.

„Букирањето на силна интернационална листа на изведувачи беше вистински предизвик изминативе години бидејќи на почетокот на август многу изведувачи беа на други континенти и не можеа да ја прифатат нашата покана. Поради тоа, дојдовме до решение да го поместиме фестивалот една недела подоцна, за да не дојде до преклопување со фестивалите во САД и Јапонија. Изгледа дека го на правивме вистинскиот избор,“ изјави Кароли Герендаи, главниот организатор на Сигет.

„Исто така не се откажавме и од тоа да направиме Сигет да биде посебно визуелно доживување, како и да работиме да се подобри на секој можен план,“ додаде Герендаи.

Сигет

На прес конференцијата беа најавени и неколку промени во врска со сцените и програмата. Една од најважните и најголемите промени е тоа што „Денот нула“ ќе добие подеднакво силна програма како и другите пет главни денови. На овој ден, од досега најавените изведувачи, ќе настапат Anti-Flag, Ska-P и Queens of the Stone Age.

Николај Митрески